Kia ја најави новата генерација на Optima

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот производител Kia ги објави првите тизер фотографии од новата генерација на моделот K5 кој е попознат и под името Optima.

Петтата генерација на овој модел се темели на најновата модулна платформа развиена од страна на Hyundai Motors, а за прв пат ќе добие и 4×4 пренос. Доаѓа и со неколку режими на работа и со динамична редистрибуција на вртежен момент на секоја од оските.

Благодарение на помалата тежина и користењето на современи материјали, значително намалена е и потрошувачката, а воедно подобрени се и брзинските перформанси.

Kia Optima

Под хаубата доаѓа со 1,6 литарски турбо бензински мотор, а тука е и помоќниот 2,5 Theta3 мотор со 286 КС и 8 степен менувач. Во понудата доаѓа и со погон на сите четири тркала.

Kia Optima

Премиерата на овој модел ќе се случи до крајот на годинава, а првите испораки се очекуваат во втората половина следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK