Произведувачот на автомобили Кia објави дизајнерски цртежи на новата генерација од луксузната лимузина К900, која би требало да биде претставена во април. Премиерата на возилото се очекува да биде направена на саемот во Њујорк на кој се очекува да бидат видени многу нови автомобили.
Овој автомобил е дизајниран во седиштето на компанијата во Намјанг во Јужна Кореја, како и во студиото за дизајн во Калифорнија.
Освен два дизајнерски цртежи, Кia претходно објави и „тизер“ на кој може да се види и силуетата на новиот К900.
После преимерата, Kia K900 ќе е појави во продажните салони ширум светот, а останува да се види дали и овој модел ќе го заобиколи европскиот пазар како што беше случај со неговиот претходник.