Kia има нов концепт за електромобил

ОБЈАВЕНО НА:

Во Кia Motors се подготвуваат за развој на целосно нов електричен прототип, а истиот треба да биде слика за она што се подготвува во иднина. Направена е комбинација на Kia дизајнот со високо ефективна електрична батерија.

Новиот прототип е опремен со интерфејс човек-машина и дава светлосен систем со „динамичка графика“. Заедно со новиот концепт Кia ќе претстави и редица други технолошки иновации. Плановите на Kia за автомобилската автономија и мобилност ќе се надградуваат со претставувањето на нови системи за автоматско возење.

За време на изложбата на трите експонати од Киа ќе се откријат и идните технологии на компанијата за усовршување на информациската поврзаност меѓу автомобилот и патниците во него. Пакетот ќе вклучува асистирачки технологии за возачот и возачки HMI функции, а ќе ја има и првата 5G врска вос ветот на автомобилите.

„Виртуелната реалност, самоуправувачки автомобили и полна информациска поврзаност се сметаа за технологии во далечната иднина. Претворањето во брза реалност ја мотивира Кia да го забрза проучувањето за адаптација на новите технологии кон своите клиенти“, вели д-р Вонг Чеол Јанг, кој е потпреседател на Kia-Hyundai.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK