Kia има нов адут во K900

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата KIA Motors ги објави првите информации за новата генерација на луксузниот К900 од кој се очекува да постигне голем успех. Сепак, истиот ќе биде официјално претставен во периодот од април до јуни во 2018 година.

Од KIA нема споделување на детали околу новата генерација на луксузниот седан, а се коментира само тоа дека ќе има комбинирање на истенчен екстериерен дизајн со просторна кабина и неурамнотежено однесување на патот исполнето со луксузни материјали и елегантен стил.

Новата KIA K900, која е создадена во заедничка соработка меѓу дизајнери од Кореја и САД ќе биде опремена со нови технологии за зголемена безбедност на патиштата и комоција, а ќе се произведсува во Кореја. Ќе биде лансирана само на неколку пазари и тоа во втората четвртина од оваа година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK