Karim Habib повеќе не е главен дизајнер на Infiniti откако го напушти јапонскиот производител и направи трансфер во Kia.
“Kia расте, амбициите на брендот се детерминирани од електрификацијата и иновациите во мобилноста” изјави Хабиб. Тој додаде дека ќе му биде задоволство да работи под раководство на Донкерволке чиј дизајни му биле пример многу години.
Хабиб, во Infiniti се вработи во 2017 година, а претходно работеше како главен за екстериерниот дизајн на BMW, а дизајнерско искуство има и во Daimler. Во своето портфолио стои дека има работено на BMW X3, BMW X6, BMW 7 Series, Mercedes-Benz C-Class и многу други автомобили.
На позицијата сениор вице претседател, Карим Хабиб доаѓа следниот месец, а ќе работи во Центарот за дизајн во Намјанг, Јужна Кореа.