Kia го претстави освежениот Stinger

ОБЈАВЕНО НА:

Три години откако ја претстави првата генерација, Kia го претстави освежениот спортски модел Stinger.

Фотографиите од освежениот модел Kia ги претстави на интернет. Екстериерно може да се забележат подновените предни светла кој на предниот дел остануваат во сенка на традиционалната тигреста маска.

Тука е и малата измена на предните и задни браници и целосно новите LED светла. Токму LED светлата доаѓаат со новите сигнали за вртење содржат колекција од 10 индивидуални LED единици.

2022 kia stinger

Што се однесува до внатрешноста истата останува непроменета, но сега на купувачите им стои дополнителен избор на бои и материјали. Така, централната конзола е достапна со алуминиум или карбонски влакна.

„Stinger проектира елеганција и удобност, а исто така и одлична намена за возење на долги патеки. Новиот модел се базира на дизајнот на гран туризмо автомобил што го воведовме пред три години. Модерен со суптилна агресија за подобрување на неговото присуство на патот. Внатрешноста, исто така, е подобрена и новите дизајнерски елементи и технологии вклучени во Stinger ги потврдуваат неговите ингеренциите за безпрекорен гранд турер“ изјави меѓудругото Карим Хабиб, раководител на глобланиот центар за дизајн на Kia.

Во САД овој модел доаѓа следната година со новите помоќни 2,5 литарски и 3,5 литарски мотори. Покрај во САД овој модел ќе биде достапен и во Азија и Европа, а цената засега останува непозната.

Моделот Stinger за прв пат е воведен во 2017 година, инспириран од GT Concept-от кој јужнокорејскиот производител го претстави на саемот во Франкфурт во 2011 година. Дизајнот е дело на Петер Шрејер и Грегори Гилом, а покрај во Јужна Кореја, овој автомобил се произведува уште во Русија и Казахстан.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK