Kia го претстави обновениот седан Rio

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од Европа каде под називот Rio, компанијата Kia продава мал градски хечбек, во Русија и Кина уште во 2011 година лансираше продложена хечбек изведба како и седанска изведба. Токму сега јужнокорејскиот производител ја претстави обновената седанска изведба од овој модел.

Станува збор за автомобил кој и натаму се базира на GB платформата развиена од страна на Hyundai и Kia. Во споредба со актуеланта генерација, подновената е подолга за 20 мм со што вкупната должина изнесува 4,260 мм, додека ширината и висината остануваат непроменети.

Непроменета останува и мотористиката па така и натаму понудата ќе ја сочинуваат двата бензински мотори, 1,4 литарскиот Gamma I4 со 100 КС и 1,6 литарскиот Gamma I4 GDI мотор со 123 КС.

Kia Rio sedan

Продажбата на овој модел во Русија стартува уште на почетокот на следниот месец, а производството ќе се спроведува во фабриката на Hyundai во Санкт Петербург.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK