Kia ја претстави подновената и освежена верзија од третата генерација на малиот градски автомобил, Picanto. Дизајнот е дело на Петер Шрејер, а се темели во целост на истата платформа како и актуеланта трета генерација претставена во 2017 година.
Оттука и димензиите се идентични: должина 3.595 мм, ширина 1.595 мм и висина 1.485 мм. Меѓуоскиното растојание останува непроменето и изнесува 2.400 мм.
Во однос на дизајнот, единствени измени се предниот и задниот браник како и рестилизираната предна маска.
Во понудата остануваат истите мотори: 1,0 литарскиот бензински, 1,0 литарскиот Т-GDI турбобензински мотор и 1,25 бензински мотор. Во комбинација доаѓаат со мануелен пет степен мануелен и четири степен автоматски менувач.
Не се исклучува можноста следната година да биде претставена и електрична верзија од овој модел.
Во производство овој модел влегува уште оваа година, а ќе се спроведува во фабриките каде и актуелната генерација се произведуваа, а тоа се фабриките во Русија, Алжир и Јужна Кореја. Цената останува непозната.