Kia го најави електричниот EV6

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата годинан Kia го објави амбициозниот план за електрификација на својата понуда која за неколку години од сега треба да нуди повеќе електрични отколку автомобили со мотори во внатрешно согорување. Сега, со објавување на тизер фотографии ја најави премиерата на својот нов електричен модел.

Станува збор за електричен кросовер кој ќе го носи називот EV6. Од фотографиите може да се види дека кросоверот го носи новото лого на Kia. При тоа не се откриваат повеќе технички информации.

Сепак, шпекуалциите говорат дека овој модел ќе ја користи E-GMP платформата која се користи и кај моделот Ioniq 5. Неофицијално, доаѓа со неколку батерии кои ќе овозможуваат домет од околу 500 км.

“EV6 е олицотворение на целите на нашиот бренд – движење кое инспирира” изјави Карим Хабиб, шеф на центарот за дизајн на Kia. Премиерата на Kia EV6 ќе се одржи во април, а во наредните неколку недели се очекуваат повеќе официјални информации.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK