Едно од глобално најпродаваните возила на Kia Motors, моделот Picanto наскоро ќе ја има својата трета генерација а компанијата ги покажа скиците на изгледот на она што допрва ќе дојде на улиците.
Новиот Picanto е младолик со енергичен дизјан, а надворешноста и внатрешноста ги спојуваат многу можности прилагодливи за секој поединец. Новиот модел на Kia ги задржува карактеристиките на компактна димензија, и со одважен надворешен дизајн и широка палета на бои донесува порешителен изглед.
Новата генерација на Picanto ќе ги воодушеви патниците со високотехнолошки помагала за удобност и сигурност, кои дополнително го нагласуваат модерниот и профинет дизајн на кабината, која може да се пофали со поголема искористеност на просторот во однос на претходникот.
Премиерата на моделот се очекува на саемот во Женева, а потоа ќе почне и продажбата.