Kia EV9 G – Toа е тоа!

ОБЈАВЕНО НА:

Kia вели дека овој триред EV crossover со три реда на седишта ќе достигне 60 милји на час за само 4,3 секунди и ќе користи лажни менувачи- навистина повеќе од добро за да ги носите на време вашите деца на училиште ...

Kia EV9 е еден од најдобрите електрични автомобили на пазарот. Тој е ефикасен, практичен и луксузен. Исто така, не му недостига моќ, но Kia и покрај тоа отиде чекор понатаму, односно му даде дополнителен поттик. Пред нас е KIA EV9 GT, crossover модел  со 501 електрични коњски сили кој ќе ви помогне да ги однесете вашите деца на училиште многу побрзо одошто тоа сте го правиле досега.

Своето деби го имаше во четвртокот, на саемот за автомобили во Лос Анџелес.

Онаму каде што обичниот EV9 со погон на сите тркала има мотори на предниот и на задниот дел со по 189 КС, верзијата GT добива преден мотор со моќ од 214 КС и заден мотор со уште побројни 362 КС.

Се разбира, не е потребен математички гениј за да откриеме дека 362 плус 214 не е еднакво на 501, но веројатно, секој мотор ја произведува максималната моќност со различна брзина.

Kia, исто така, вели дека се уште се финализирани бројките за коњски сили за EV9 GT, така што 501 КС би можеле да се зголемат до почетокот на испораките на големиот crossover на корејскиот бренд.

Kia тврди дека EV9 GT забрзува од 0-60 MPH (96 км/ч) за 4,3 секунди, 0,7 секунди побрзо од EV9 GT-Line AWD.

За да се справи со дополнителната моќност, EV9 GT добива поголеми сопирачки, надградена суспензија со приспособливи амортизери, пневматици Continental кои обвиткуваат тркала со големини од 21 инчи и електронски заден диференцијал со ограничено пролизгување.

Значи, KIA EV9 GT не треба да биде побрз само во права линија – ќе биде подобар и во свиоците.

Друга забележителна надградба е она што Kia го нарекува Virtual Gear Shift (VGS), режим кој симулира мотор со внатрешно согорување. Тоа е карактеристика што Kia ја адаптираше од корпоративниот братучед Hyundai, поточно од моделот Hyundai Ioniq 5 N, кој тукадебитираше со сопствена верзија.

Во суштина, VGS го имитира звукот и чувството на традиционален автомобилски мотор, со лажни звуци на моторот, менување брзини и намалување на вртежниот момент. Можете да го користите во симулиран режим на автоматски менувач или да се движите низ „ брзините “, користејќи ги за „менувања “, лопатките на воланот.

Покрај уникатните тркала од 21 инчи, Kia EV9 GT визуелно се одликува со различни украсни парчиња на надворешноста и варово – зелени акценти внатре. Kia EV9 GT, исто така, добива позасилени спортски седишта „исечени “,( прекриени) во Alcantara.

Стандардно, добивате тони на технологија за помош при возење и приклучок за стандардно полнење (NACS) во стилот на Теslа, така што ќе можете да го полните EV9 иа на Superchargers.

За разлика од другите изведби на моделот EV9, кои се произведуваат во Вест Поинт, Грузија, верзијата EV9 GT ќе се произведува во Јужна Кореја.

Како и да е, Kia не објави две важни бројки – едната е цена на оваа изведба, а втората е опсегот, односо досегот со едно полнење на пакетот на батерии. Експертите предвидуваат да чини неколку илјади повеќе од 75.395 американски долари колку што изнедува цената на сегашниот GT-Line AWD, на пазарите во САД, а опсегот ќе биде полош од 270 милји, или 435 километри изразено во континентални мерки,  колку што, патем  изнесува досегот кај GT –Line AWD изведбата.

Испораките треба да започнат некое време во втората половина на претстојната 2025 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK