Kia со 22 нови модели ќе ја напаѓа Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Kia ќе ја подобри понудата во Европа и планира до 2020 година да понуди, 22 нови или редизајнирани модели, како мал СУВ, спортски седна и замена за моделите Rio и Picanto. Плановите почнуваа да се остваруваат со појавата на четвртата генерација на Rio.

На последните тест возења во Португалија, Стефан Кост директорот на Kia Germany на новинарите им потврдил дека за шест години треба да се претстават 26 модели во Европа. За тој период продажбата на нови возила на Kia во ЕУ треба да се зголеми за 64 отсто над продажбата во однос на 2010 година.

Офанзивата вклучува и промоција на Stinger со четири врати што треба да почне да се продава во Европа во четвртиот квартал. Моделот беше промовиран во Детроит на почетокот на годинава и дели нова платформа со погон на задните тркала заедно со Genesis G70 моделот на партнерската Hyundai.

Мини возилото Picanto ќе почне да се продава пролетва веднаш по саемот во Женева. Уште минатиот месец од Kia потврдија дека до крајот на годинава ќе дебитира и субкомпактниот СУВ, кој треба да му помогне на брендот во борбата во сегментот каде што се наоѓа Nissan Juke.

Лани Kia продала преку 3 милиони возила во светот, и е деветти најголем светски авто производител. Заедно со сестринската компанија Hyundai, двата бренда се меѓу петте најдобри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK