Ќе воведе ли Tesla нов и поевтин модел?

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од пред неколку години кога Tesla беше еден од реткиот производител на електрични автомобили, денес има бројни производители. Ова особено важи за во Кина каде секојдневно се појавуваат се повеќе и повеќе производители.

Токму поради кинеските производители, но и активностите на познатите европски производители на полето на електрификација на автомобили, цените на електричните автомобили значително се намалија. Тоа направи притисок на Tesla, па американскиот производител ги намали цените на постоечките модели.

Сепак притисокот е толку голем што претходните месеци се појавија шпекулации за воведување на нов модел кој ќе биде ценовно многу поконкурентен.

Шпекулациите говорат дека станува збор за хечбек модел кој ќе го носи називот Model 2. Цената се очекува да се движи околу 25 илјади американски долари, а би можел да дојде во текот на 2023 година.

Засега нема официјална потврда од страна на Tesla од каде потврдија дека во наредните неколку години ќе бидат претставени три нови модели и тоа Semi, Cybertruck и Cyberquad.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK