Со ефектот на синергија од спојувањето на FCA и PSA дефинитивно на европскиот континент ќе се појават вишок на фабрики. Не е тајна дека дел од постоечките фабрики ќе мора да бидат затворени.
Иако повеќето медиуми во Србија пренесуваат дека спојувањето ќе значи нов живот за фабриката во Крагуевац, пред се поради ниските производни трошоци во Србија, Ројтерс го смета спротивното.
Токму фабриката во Крагуевац би можело да биде првата жртва на ова спојување. Во моментов Fiat во оваа фабрика го произведува моделот 500L кој не бележи добри продажни резултати. Тоа, но и последната вест дека Fiat ќе го напушти A сегментот е причината зошто оваа фабрика е прва на листата на затворање.
На листата се наоѓа и фабриката на PSA во Лутон, Велика Британија. Тука во моментов се произведуваат модели од брендот на Vauxhall како и моделот Opel Astra. Најголема причина за затворањето на оваа фабрика е излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, а спојувањето на FCA и PSA само ќе го забрза процесот на затворање.
Експертите на кои се повикува Ројтерс тврдат дека ќе се затвори и една од фабриката за мотори во Полска или Италија, а целта е производството на мотори да биде централизирано.
Во моментов FCA и PSA заедно поседуваат 29 фабрики во Европа односно нивните автомобили се произведуват во толку фабрики во Италија, Турција, Полска, Франција, Германија, Шпанија, Португалија, Велика Британија, Словачка и Русија.