Ќе се забрани целосното разговарање на телефон додека се вози?

ОБЈАВЕНО НА:

Секојдневно сме сведоци на бројни промени во законот за сообраќајн каде најголем акцент се става на безбедноста во сообраќајот. Европската Унија и САД веќе пропишаа нови закони кои ќе стапат на сила во следните неколку години, а се однесуваат на задолжителното поседување на опрема т.е. системи за безбедност во новите автомобили.

Една нова иницијатива покренета во Англија и Велс предвидува целосно забранување на телефонирањето во возило за време на возење. Подетално, планирана е и забрана за користење на hands-free технологијата која сега е дел од стандардната опрема кај многу авотмобили.

Иницијаторите во барањето се “потпираат” на досегашната статистика според која ниту користењето на оваа технологија не е безбедно решение при возењето. Во иницијтивата, иницијаторите не наведуваат алтернативни начини т.е. кои начини се побезбедни.

Евентуално усвојување на оваа иницијатива може да влијае и врз македонското законодавство односно може да предизвика промена на Законото за сообраќај.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK