Се чини дека традиционалните бензински станици наскоро ќе заминат во историјата. Тоа е очекувано со се поголемата популаризација на електричните автомобили, а се чини дека овој процес најпрво ќе започне во Велика Британија.
Како што пренесува Auto Express, Англија планира да воведе измена во законот за градење при што секоја нова семејна куќа ќе мора да има и полнач за електрични автомобили.
За измената и дополувањето на овој закон веќе имаше неколку јавни расправи во Англија, а при тоа за истражување потрошени се неколку милиони фунти. Државниот секретар за сообраќај Крис Грејчинг наведува дека полнењето на автомобилот дома ќе биде најисплатлива опција за возачите, а наведува и дека на јавните места за полнење од следната година ќе биде достапно и бесконтактно плаќање.
Сето ова е дел од стратегоијата именувана Road to Zero според која до 2040 година во потполност ќе се забрани продажбата на возило без барем делумен електричен погон.