Групацијата Jaguar Land Rover се подготвува да лансира нова линија на модели што ќе го носи името Road Rover. Првиот претставник на семејството ќе биде луксузен електричен автомобил кој ќе се обиде да ги украде клиентите од Mercedes-Benz S-Class.
Првиот Road Rover ќе биде направен на алуминиумската платформа на следната генерација на Jaguar XJ, кој ќе има и целосно електрична модификација. Два електрични мотори на секоја оска ќе обезбедат двојно повеќе сила. Се очекува моделот да се појави во втората половина на 2019, а продажбата да биде на почетокот на 2020 година.
Точните карактеристики на двата агрегатот сѐ уште не се знаат, но според пишувањето на Autocar со едно полнење ќе може да се извозат 480 км. а забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе биде за околу 5 секунди.
Road Rover најверојатно ќе дебитира на салонот во Лос Анџелес, бидејќи Калифорнија ќе биде еден од главните пазари на моделот. Името на новата моделска линија не е случајно избрано. Така се нарекувани експерименталните автомобили, со кои Land Rover планира да формира времена алка меѓу теренец и лесните патнички автомобили на Rover од 60-тите години на минатиот век.