Ќе патувате во Грција: Еве каде сѐ има и колку чинат патарините

ОБЈАВЕНО НА:

На најголем дел од патарините во Грција не постои можност плаќање со картичка. Затоа најдобро е да подготвите кеш.

Планирате да летувате односно патувате во и низ Грција? Тогаш треба да знаете дека Грција важи за земја со релативно голем број на наплатни пунктови однсоно патарини чија цена може да достигне и до 30.00 евра.

Ние се потрудивме во продолжение да ве информираме за сите патарини и нивната цена на сите автопатишта односно магистрали во Грција.

Магистрала Egnatia (Игнатија)

Оваа автомагистрала го соединува крајниот исток со крајниот запад на Грција. Започнува од грчко-турската граница и преку Александрополус и северно од Солун завршува на крајниот исто, во близина на границата со Албанија.

Карта автомагистрали Egnatia в Греции

 

ПатаринаЦена по категорија
1234
Tyria€ 1.50€ 2.10€ 5.30€ 7.40
Pamvotida€ 0.80€ 1.20€ 3.00€ 4.20
Malakasi€ 1.50€ 2.10€ 5.30€ 7.40
Polymylos€ 1.70€ 2.40€ 6.00€ 8.40
Malgara€ 0.80€ 1.20€ 3.00€ 4.20
Analipsi€ 1.70€ 2.40€ 6.00€ 8.40
Moustheni€ 1.70€ 2.40€ 6.00€ 8.40
Iasmos€ 1.30€ 1.90€ 4.80€ 6.70
Mesti€ 1.20€ 1.70€ 4.30€ 6.00

 

На оваа магистрала има неколку краци кои водат кон границите на соседните држави на Грција: Албанија, Македонија и Бугарија.

Така доколку возејќи се одлучите да се вратите во Македонија односно да се вклучите на Е75 тогаш на патарината кај Евзони ќе треба да платите од 1.30 до 6.30 евра во зависност на категоријата на возилото.

Тука се и наплатните пунктови кои водат кон граничните премини за Албанија (Јеропиги) и Бугарија (Промахонас).

Патарина
Цени по категории
1234
Ieropigi (29)€ 1.50€ 2.10€ 5.30€ 7.40
Evzoni (E75)€ 1.30€ 1.80€ 4.50€ 6.30
Promahonas (25)€ 1.70€ 2.40€ 6.00€ 8.40

Магистрала Aegean (Егејска)

Егејската магистрала е дел од европскиот автопат Е75 кој Европа ја поврзува со Солун и Ламија.

Карта автомагистрали Aegean в Греции

На оваа магистрала има повеќе патарини, а најскапи се они крај Пеласгиа и Лептокарија, летувалиште доста популарно кај македонците.

Патарина
 Цена по категорија
1234
Pelasgia€ 2.40€ 3.40€ 8.60€ 12.00
Glyfa Ramp€ 1.80€ 2.50€ 6.30€ 8.80
Moschochori€ 2.80€ 4.00€ 9.90€ 13.80
Gyrtoni Ramp€ 0.50€ 0.70€ 1.80€ 2.50
Makrychori Ramp (С)€ 0.80€ 1.10€ 2.80€ 3.90
Makrychori€ 1.80€ 2.50€ 6.30€ 8.80
Evaggelismos Ramp€ 0.80€ 1.20€ 2.90€ 4.10
Pyrgetos€ 1.20€ 1.70€ 4.10€ 5.80
Platamonas Ramp€ 0.50€ 0.60€ 1.60€ 2.30
Leptokarya€ 2.20€ 3.20€ 7.90€ 11.10
Leptokarya Ramp (С)€ 1.30€ 1.80€ 4.50€ 6.30
Kleidi (Aiginio)€ 1.50€ 2.20€ 5.40€ 7.60

(Α) = јужно од Атина
(С) = северно од Солун

Магистрала Moreas

Магистралата Moreas е дел од европскиот Е65 автопат и поминува низ грчките градови Коринт, Триполи и Каламата.

Карта дороги Korinthos-Tripoli-Kalamata в Греции

На оваа магистрала во моментов постојат пет наплатни пунктови во двете насоки. Покрај тоа, на излезот од автопатот постојат две наплатни пунктови и тоа кај Парадисија (на излезот од автопатот кон Атина и на влезот на автопатот Каламата) и во Арфара (на влезот на автопатот кон Атина и на излезот од автопатот во насока кон Каламата).

Во продолжение и цените по категорија.

Патарина
 Цена по категорија
1234
Spathovouni€ 1.70€ 2.50€ 6.30€ 8.80
Nestani€ 1.60€ 2.35€ 5.95€ 8.35
Manari Bridge€ 1.30€ 1.90€ 4.85€ 6.75
Veligosti€ 0.80€ 1.25€ 3.15€ 4.40
Paradisia€ 0.50€ 0.75€ 1.90€ 2.65
Kalamata€ 1.30€ 1.90€ 4.75€ 6.65
Arfara€ 0.50€ 0.75€ 1.90€ 2.65
Petrina€ 2.00€ 2.90€ 7.25€ 10.15
Thouria€ 0.30€ 0.45€ 1.20€ 1.65

 

Магистрала Olympia

Магистралата Олимпија е исто така дел од европскиот Е65 автопат. Започнува во Атина, а поминува преку Коринт и завршува во Патрас.

Карта дороги Olympia в Греции

На овој автопат има пет главни наплатни пунктови и тоа по една на влезот и излезот од автопатот. Првата патарина се наоѓа на 26от километар крај Елефсина додека последната е Рио која е на 205от километар од овој автопат.

Во продолжение и цените по категорија.

Патарина
 Цена по категорија
1234
Elefsina€ 1.40€ 2.10€ 5.30€ 7.40
Isthmos€ 1.20€ 1.80€ 4.50€ 6.30
Kiato€ 1.60€ 2.20€ 5.70€ 8.00
Eleonas€ 2.20€ 3.20€ 8.10€ 11.30
Rio€ 1.40€ 2.10€ 5.30€ 7.40

Магистрала Pathe

Магистралата Пат (Pathe) е дел од Е75 меѓународниот автопат. Започнува во Неа Одос, а при тоа ги поврзува Ламија со Атина. Вкупната должина на оваа магистрала е 172 км.

Карта дороги Pathe в Греции

Во продолжение цените по категорија на возило.

Патарина
 Цена по категорија
1234
Afidnes€ 2.30€ 3.25€ 8.20€ 11.50
Kapandriti (странична)€ 1.40€ 2.00€ 5.00€ 7.00
Malakasa (странична)€ 0.95€ 1.40€ 3.55€ 4.95
Inofyta (странична)€ 0.45€ 0.65€ 1.65€ 2.35
Thiva€ 2.65€ 3.85€ 9.60€ 13.45
Thiva (странична)€ 1.05€ 1.50€ 3.80€ 5.35
Tragana€ 2.65€ 3.80€ 9.60€ 13.40
Tragana (странична)€ 2.15€ 3.05€ 7.70€ 10.75

При секое приклучување на автопатот кај обележените места (странича) задолжително е плаќање на патарина.

Магистрала Ionia

Магистралата Јонија или во целост Јонија Одос е дел од европската Е951 рута. Започнува во Неа Одос, а ги поврзува Јонина и Патрас. Должината изнесува 196 км.

Карта дороги Ionia в Греции

Покрај главните патарини, на овој автопат се наоѓаат и странични преку кои можете да излезете од автопатот и да се упатите кон некое летувалиште.

Патарина
 Цена по категорија
1234
Klokova€ 2.10€ 3.00€ 7.50€ 10.50
Gavrolimni (странична)€ 1.45€ 2.10€ 5.30€ 7.45
Mesologgi (странична)€ 0.85€ 1.25€ 3.15€ 4.40
Aggelokastro€ 2.45€ 3.50€ 8.85€ 12.35
Kouvaras (странична)€ 1.15€ 1.60€ 4.10€ 5.75
Menidi€ 2.10€ 3.00€ 7.50€ 10.55
Arta (странична)€ 0.50€ 0.75€ 1.90€ 2.70
Gorgomilos (странична)€ 0.70€ 1.00€ 2.55€ 3.55
Terovo€ 2.15€ 3.10€ 7.75€ 10.90

Доколку патувате кон автопатот Игнаија тогаш ќе мора да платите и 12.6 евра доколку сакате да поминете преку мостот Рио-Антирио.

Магистрала Attiki

Магистралата Атики е всушност обиколница на Атина. При тоа оваа обиколница го поврзува атинскиот аеродром и автопатите Пат и Олимпија. Должината изнесува 65 км.

Карта дороги Attiki в Греции

Плаќањето се врши при влез и излез од обиколницата. Цената започнува од 1.40 евра за возило од прва категорија, 2.80 евра за возило од втора категорија, 7.10 евра за возило од трета категорија и 11.30 евра за возило од четврта категорија.

Покрај на наплатните пунктови односно патарините кои се наоѓаат долж автопатите, во Грција често е потребно да платите и при влез во тунел или поминување низ мост. Цените се различни и знаат да бидат драстично поскапи од патарините на автопатите прикажани погоре.

Така на пример наплатна рампа има во близина на тунелот Акцио – Превеза, на мостот Рио – Антирио и други.

Тоннель Akteo-Preveza в Греции

Така за мотоцикл на овој тунел ќе мора да платите 0.70 евра, за возила до 2.20 метри височина потребно е да платите 3.00 евра додека на оваа висина цената изнесува 7.50 евра.

Мостот Rio – Antirio е еден од најголемите во Грција. Должината изнесува 2.880 метри и истиот располага со шест ленти, по три во двата правца.

Мост Rio–Antirrio в Греции

Цените започнуваат од 1.90 евра за мотоцикли, 13.30 евра за возила високи до 2 метри, а за сите останатие возила цената изнесува 20.00 евра.

НАПОМЕНА: На најголем дел од патарините во Грција не постои можност плаќање со картичка. Затоа најдобро е да припремите кеш како не би се судриле со непријатности.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK