Ќе наликува и на Тесла: Како ќе изгледа обновената Lada Vesta

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот Lada Vesta се произведува од 2015 година и ако сакаат да го одржат темпото на современото автомобилско инженерство од АвтоВАЗ ќе треба да го модернизираат моделот и тоа во најскоро можно време. Според долгогодишната руска традиција, дотерувањето кое е закажано за оваа година се одлага поради непознати причини, па обновената Vesta ќе излезе најрано во 2020 година.

И покрај тоа во АвтоВАЗ не седат со скрстени раце и според неофицијални информации веќе испробуваат неколку прототипови на освежениот знаменосец на брендот. Според гласините најпродаваниот модел на компанијата нема да претрпи значителни технички промени, а новитетите ќе бидат главно козметички.

Руските инженери се фокусирани на прилагодување на суспензијата, доработки на контролната табла и ревизија на сервисната и опционалната опрема на автомобилот. Голем вертикален дисплеј ќе се појави во центарот на таблата со инструменти како во Тесла.

Преправање ја чека и каросеријата на Vesta. X-стилот кој стана трговски бренд на Lada, ќе биде зачуван, но ќе се појава нови декоративни елементи. Целта е моделот да добие полуксузен изглед, што се очекува од предводникот во понудата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK