Ќе има уште помало Volvo XC

ОБЈАВЕНО НА:

Генералниот директор на Volvo, Хакан Самуелсон смета дека купувачите веќе не ја сфаќаат идејата за „премиум малкулитражни“ возила како апсудр. Менаџерот не ја исклучува можноста во скоро време во понудата на брендот да се појави субкомпктен модел, кој ќе биде поставен под актуелниот XC40.

Досега од компанијата од Шведска со кинески сопственик секогаш одрекувале дека планираат конкурент за Audi A1, Q2 и MINI. На форумот Future of the Car, организиран од Financial Times, Самуелсон призна дека времињата се менуваат и со тоа и ставовите на клиентите.

„Премиум статусот сè поретко асоцира на димензиите. Малите автомобили исто така можат да бидат скапи. Ако сте мал и носите костум со мали димензии, не значи дека треба да е сошиен од полиестер“, вели шефот на Volvo.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK