Земајќи ја во предвид состојбата на прогласената пандемија на заболени лица со Корона вирус, COVID – 19 и сите препораки на Министерството за здравство, Владата на Република Северна Македонија и Светската здравствена организација, Макпетрол упатува апел до сите потрошувачи за дисциплинирано однесување и почитување на сите препораки.
При посета на бензинските станици се советуваат потрошувачите да внимаваат да не се создаваат непотребни застои и групирања, односно максималната бројка на присутни во продавниците да биде ограничена до три лица, како и задолжително да се одржува препорачаното растојание кога се чека во ред за било каква услуга.
Макпетрол апелира до сите да бидат стрпливи, да се почитуваат советите кои ги даваат продавачите и да внимаваат на хигиената кога влегуваат и излегуваат од бензинските станици, како и да не се ракуваат и да не ги допираат носот, очите и устата.
Макпетрол како општествено одговорна компанија и водечка сила во енергетскиот систем на нашата држава, секогаш се грижи за своите вработени, како и за сите потрошувачи и посетители. Ние сме во постојана комуникација со сите релевантни институции, водиме корисни и конструктивни разговори и консултации со цел да обезбедиме безбедни услови како за вработените, така и за потрошувачите.
Постојано ги обучуваме и информираме нашите вработени, со цел стручно и професионално да излеземе во пресрет на сите потреби и очекувања од страна на потрошувачите. Секојдневно работиме со нашите вработени и инсистираме да ги почитуваат донесените мерки со цел да обезбедиме ефикасно, безбедно и професионално однесување во новонастанатите услови. Истовремено ги подржуваме вработените на бензинските станици во нивната заложба за хумано, етичко и професионално однесување во овие вонредни услови, знаејќи дека со заедничка општествена посветеност ќе успееме да ги надминеме сите предизвици, с евели во информацијата на Макпетрол.
Истовремено ги информираме нашите потрошувачи дека поставените кафемати во нашите бензински станици, заклучно од 20 часот на ден 17.3.2020 година нема да бидат во функција.