Ќе „бришка“ 400 км/ч. – Кинезите повторно го имаат најбрзиот воз

ОБЈАВЕНО НА:

По шестгодишна пауза, Кина ја врати титулата со најбрзиот воз на светот. Во септември се очекува да влезе во погон „воз-стрела“, што ќе развива брзина од 400 км/ч. пишува порталот Futurism.

До неодамна азиската држава беше лидер, но катастрофалните инциденти ги принудија властите да воведат привремно забавување на железничкиот превоз за да се минимизира опасноста од нов трагичен инцидент.

Во инцидентот во 2011 година, брзината беше 350 км/ч. меѓутоа потоа брзината на железничкиот сообраќај беше ограничена на 250-300 км/ч.

Но, следниот месец Кина планира да ја врати загубената лидерска позиција со пуштање во промет на неколку супер брзи возови. Тие ќе се движат со просечна брзина од 350 км/ч., но ќе имаат можност развијат брзина и до 400 км/ч.

За споредба, Hyperloop One, кој се уште е во развој, неодамна достигна брзина од 308 км/ч. Плановите на компанијата, зад која седи Илам Муск сепак се создавање на превозно средство што може да развива до 408 км/ч. уште во тест период.

За да се спречи повторување на инциденти, сега Кинезите одлучиле да преземат мерки, како ограничување на бројот на возовите по широкопојасната железничка мрежа. Досега во Кина се изградени околу 20.000 км експресна железничка мрежа, а целта на земјата е да направи уште нови 10.000 км до 2020 година До денес во земјата се инвестирани над 360 милијарди долари во железничкиот транспорт.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK