Казни за нов дизелгејт – до 30.000 евра по возило

ОБЈАВЕНО НА:

Европската комисија доби право да казнува до 30.000 евра за автомобил и да наредува сервисни акции при скандали слични на „Дизелгејт“ на Volkswagen, кој се случи во септември во 2015 година.

Тогаш стана јасно дека концернот од Германија ги опремувал 2-литарските TDI Мотори со софтвер, кој дава неточни податоци за нивото на емисијата на штетни гасови. Во реалноста вредноста била дури 40 пати поголема. Подоцна стана јасно дека Volkswagen има продадено дури 11 милиони такви возила низ целиот свет.

Новите овластувања на Европската комисија беа изгласани од страна на Европскиот парламент во четвртокот, а со нив комисијата добива власт идентична на таа на Агенцијата за зачувување на околината во САД.

Темата за дизел возилата и загадувањето, кое го прават, е корисна за Европа, со оглед на тоа што пола од возилата на Стариот континент се такви.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK