Казнет поради цртање на знаци на патот

ОБЈАВЕНО НА:

Сакајќи да ги избегне гужвите низ градот и што побрзо да дојде до работа, еден Кинез покажал дека може да биде снаодлив и одлучил на јавно место да ги исцрта патните знаци.

„Во лентата за движење право секогаш има ’милион автомобили’, додека лентата за лево е празна. Со смената на знаците сакав да си го олеснам патувањето кон градот“, објасни 28-годишниот Каи.

Полицијата немала премногу разбирање за неговиот проблем, па го казнила со 1000 јуани, што е нешто повеќе од 130 евра.

„Тоа што го направи е многу опасно и можеше да дојде до несреќа“, велат од полицијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK