понеделник, 25 декември, 2025 година

Во Катар почнаа да го фарбаат и асфалтот (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Властите во Катар одлучија да пробаат нешто ново во борбата со омекнувањето на асфалтот по патиштата поради големите горештини. Една од централните улици во Доха веќе е офарбана во светло сино, што според инженерите би требало да го намали испарувањето, а со тоа да го продолжи рокот за користење.

Со ваквото фарбање на асфалтот се очекува температурата да биде намалена на површината на асфалтот за 15 до 20 степени.

- Advertisement -

Идејата да се обои асфалтот во сино била презентирана на Управувањето по општествена дејност на Катар од страна на урбанисти од Јапонија.

Сината боја засега е нанесена само во улига во самиот центар на Доха со оглед на тоа што нема никаде сенка и во текот на летото температурата достигнува и до 50 степени.

Ако експериментот тргне со успех, тогаш сините патишта би можеле да станат белег за арапските градови. Претходно ќе треба да се направат долгорочни набљудувања на температурните промени така што резултатите може да се очекуваат не порано од пола година.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја