Во чест на 70 годишнината од основањето на спортската автомобилска работилница Abarth, во Торино е именувана улица токму по нејзиниот основач, Карло Абарт.
Врската помеѓу Абарт и Торино е огромна. Иако е роден во Австрија, Абарт целиот свој живот го поминува во најголемиот град во Пиемонт. Тој, тука, во 1949 година ја основа својата работилница, која подоцна е купена од страна на Fiat под чије раководство добива огромна експанзија креирајќи супер моќни верзии од бројни модели на Fiat и Lancia.
“Сакам да му се заблагодарам на градот Торино на ова признание за човекот кој донесе револуција во светот на спортските автомобили благодарение на неговата генијална интуиција и единствените развојни вештини” изјави Лука Наполитано, одговорен за брендовите Fiat и Abarth за ЕМЕА регионот.
Именуваната улица се наоѓа во непосредна близина на седиштетот и центарот за дизајн и развој на Abarth.