Калифорнија забранува продажба на возила со мотори на внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку пратениците во Собранието во Калифорнија го прифатат предлог законот кој е подготвен од Фил Тинг тогаш во иднина нема да може да се продаваат возила со мотори со внатрешно согорување. Со цел да се намали загадувањето, Тинг изработи предлози според кое ќе мора да се намалат возилата коишто се со бензинци или дизел мотори.

Сепак, ова нема да биде проблем за сегашните возачи туку за следните поколенија бидејќи ќе требаат 22 години за законот да влезе во сила. Доколку документот кој сега се предлага за гласање биде прифатен, законот ќе стапи на сила дури на 1 јануари во 2040 година.

Според овој закон автомобилите со бензинси и дизел мотори нема да можат да се продаваат повеќе.

Во предлог законот кој е наречен „Закон за чисти автомобили 2040“ е запишано дека властите нема да регистрираат транспортни средства кои не се со нула ниво на загадување. Според тоа во 2040 година во Калифорнија ќе се продаваат исклучиво електромобили и возила кои се придвижувани од водород.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK