Федералните власти во САД ја уникаа одлуката на одделот за транспорт во Калифорнија за забрана на издавање на броеви за регистрација со комбинација на симболи што може дасе користат. Окружниот судија Џон Тајгер одлучил дека тоа ја нарушува слободат на говорот.
Делото, по кое беше издадена одлуката е регистрирано во март и тоа истовремено од пет жители на Калифорнија, на кои им биле откажани табличките со саканите букви. На еден од тужителите, кој е фан на треш метал групата Slаyеr – не му било дозволено да си стави табличка на своето возило со натпис „SLААYRR“, а како причина била наведена таа дека овој натпис е сметан за „агресивен и непријателски настроен“. На друг пак му била откажана табличка „QUЕЕR“ – бор, со кој се означуваат сексуалните малцинства.
Одлуката на одделот за транспорт на Калифорнија, со која се забранува идавање на непристојни броеви, е поништена со аргументот дека тие служат за самоизразување на личноста и затоа регулативите треба да бидат максимално неутрални. Транспортните власти, сепак, ќе можат да ги одбијат апликациите чии симболи не спаѓаат во рамките на Првиот амандман на Уставот на САД.
Во февруари минатата година руски емигрант во САД се пожалил дека не му било доволено а новата Tеslа Mоdеl 3 да користи регистрациски број со натпис XYЕSLА. Властите препознале непристојна мисла на руски јазик со буквално читање и го натерале сопственикот на електромобилот да ја врати табелата.