„Калашников“ направи нов електромобил за такси (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Името Калашников сите го поврзуваат со оружје и познатата полуавтоматска пушка, но во Русија тоа е голем концерн што се занимава и со други работи – меѓу кои и производство на електрични возила. И тие возила треба да се користат за такси!

На седмиот Меѓународен Евроазиски форум „Такси“ (МЕФТ) што се одржува во Москва, „Калашников“ го претстави електромобилот UV-4 наменет за пазарот на такси услуги, соопштија од компанија.

Овој електромобил, како што наведува производителот, се одликува со тоа што не прави трзаи кога се движи и има мало ниво на ризик од избивање пожар или експлозија во случај на судир.

„Предвиден е за претпријатија по чиј круг мора да се поминуваат поголеми растојанија, како и за компании кои се занимаат со каршеринг“, се вели на сајтот на компанијата

 

Електромобилот со моќност од 50 киловати развива брзина од 80 км/ч, а без дополнување на акумулаторот може да помине 150 км. Тежок е 650 кг, долг 3,4 м, широк 1,5 м и висок 1,7 м.

Како што соопшти агенцијата ТАСС, претходно концернот „Калашников“ на меѓународниот военотехнички форум „Армија 2019“ го претстави електромобилот „Овум“ од новата генерација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK