Какви возила поседуваат македонските државни органи?

ОБЈАВЕНО НА:

Вкупно 1.763 возила поседуваат државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица што располагат со државен капитал.

Ова може да се утврди од датабазата на Државната комисија за спречување на корупцијата која при тоа не ги вклучува возилата кои се употребуваат 24/7, како пожарните, амбулантните возила, полициските возила…

Најголем дел од возилата на Царинската управа на Македонија се од брендот Peugeot и моделот 301. Управата за Јавни приходи располага со Fiat Panda од 2012 година. Агенцијата за храна и ветернарство располага со 40 возила Dacia Sandero од 2016 година додека АВРМ со шест Peugeot 108.

Министерството за Внатрешни работи покрај Skoda Octavia и Skoda Yeti, поседува и BMW 730d xDrive набавено во 2016 година. Дирекција за радијациона сигурност поседува Peugeot 508 од 2015 година.

Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK