Какви очила за сонце треба да користите додека возите

ОБЈАВЕНО НА:

Летото е период во кој зраците на сонцето се најсилни. Тие се заканата број 1 за нашите очи, особено додека возиме за изгрејсонце или зајдисонце. Но и за ова имаме решение, а тоа се очилата за сонце.

Но дали знаете дека колку што може да бидат корисни, тие може да бидат и закана за нас!?
Постојат четири категории на очила за сонце и сите тие имаат одредни карактеристики и намени. Тие се категоризирани врз основа на процентот на затемнетост. Така првата категорија на очила за сонце се со затемнетост од 20 до 30%, а оние од четвртата категорија се со затемнетост и до 97%.

Очилата од четвртата категорија се препорачуваат за лица кои работат на отворено или се бават со спорт. Очилата од оваа категорија не се препорачуваат за возење бидејќи се со висок степен на затемнетост, а тоа придонесува за слаба прегледност и зголемен ризик за несреќа. Затоа потребно е да се избегнуваат овие типови на очила, а во некои земји како што е на пример Велика Британија, возењето со вакви очила е казнливо.

Експертите препорачуваат при возење да се користат очила од втората категорија односно со затемнетост од 18 до 43%. Секако во периоди кога нема сонце или сонцето е зајдено не треба да се користат очилата за сонце.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK