Какви коли купуваат жените во Саудиска Арабија

ОБЈАВЕНО НА:

После отстранувањето на забраната за жени да управуваат автомобили во Саудиска Арабија, многу од локалните дилери се подготвија да им продааат возила и на дамите. Дури вработија и жени консултатни, а претставниците на Rolls-Royce во оваа земја порачаа црвен Dawn Drophead Coupé, како и розев Ghost.

Забраната беше тргната на 24 јуни годинава и оттогаш до денес веќе се јасни ставовите на жените од Арабија. Проучувањето на оваа тема покажа дека тие не сакаат мали автомобили, како и такви со слаби мотори. Купуваат масовни возила како Ford Mustang, RS верзии на Audi и секакви моќни верзии на Mercedes AMG.

Резимето од оваа ситуација вели дека арапските жени сакаат моќни возила со силни мотори. Друг љубопитен факт, за кој известуваат тамошните дилери е дека жените се исклучително технички подготвени кога одат да си купат автомобич. Тие се распрашуваат за нештата како работен обем, различни спецификации на менувачот и се добро запознаени за поголемиот дел од опционалната опрема.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK