среда, 25 декември, 2025 година

Каква среќа: Положи за возачка па за 49 минути му ја одземаа!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Тинејџер од Германија успеа да постави рекорд за времето во кое ја загуби возачката дозвола. Само 49 минути откако ја доби, полицијата успеа да му ја одземе.

Осумнаесетгодишникот се враќал дома после успешно положениот тест кога го запрела полицијата во градот Хемер. Тоа се случило со користење на ласерски пиштол за детектирање на превисока брзина. Полицијата соопшти дека момчето возело двапати побрзо од дозволената брзина односно 95 километри на час во зона во која ограничувањето е 50 км/ч.

- Advertisement -

„Некои работи траат вечно, а некои ни цел час“, стои во соопштение на полицијата.

Момчето возело четворица пријатели во автомобилот, а возачката дозвола му е одземена формално на четири недели. Ќе ја врати назад дури откако ќе земе „скапи дополнителни часови“.

Покрај тоа се соочува и со казна од 200 евра, два казнени поени на возачката дозвола кога повторно ќе ја добие, а пробниот период за нов возач му е продолжен од две на четири години.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја