Каков возач сте според хороскопскиот знак

ОБЈАВЕНО НА:

Без разлика дали верувате или не во хороскоп за повеќето е забавно да дознаат што велат за карактерот на луѓето особено кога се во прашање одредени сегменти од секојдневниот живот.

Хороскопот има што да каже и кога е во прашање возењето. Затоа во продолжение ќе можете да ја видите табелата на возачи според хороскопските знаци.

Можеби во некое објаснување ќе се пронајдете и самите

ОВЕН

Марс е планетата на Овенот, а тоа е Богот на војната, кој е импулсивен и тврдоглав. Совршени се за возачи на трка, но во секојдневниот сообраќај тешко ја задржуваат контролата. За нив возењето е борба, а во неа мораат да победат по секоја цена.

БИК

Сè е добро додека некој не го навреди или тој процени дека го навредува. Ако некој му влезе во лентата на движење, тоа е како црвена марама и тргнува борбата за изгубеното место. Добро е што го сакаат својот автомобил и ретко го доведуваат во опасност.

БЛИЗНАЦИ

Секогаш друштвени и секогаш во движење, Близнаците се најдобри кога треба да се прилагодат на условите во сообраќајот. На суво возат брзо, но на влажно се внимателни. Сепак, исклучително брзо реагираат во непредвидливи ситуации.

РАК

Очекувано, побавни и дефанзивни возачи од раковите нема да најдете. Со своите внимателни маневри ги излудуваат другите возачи, а понекогас и самите себеси , па затоа често одат и пеш.

ЛАВ

Лавовите сакаат да владеат на патот и сите други учесници во сообраќајот им се пречка, на некој начин придружба. Добро е што не се воедно и аргесивни бидејќи тогаш би биле вистинска опасност на патот.

ДЕВИЦА

Зависат од правилата и редот, што на патиштата е секогаш плус. Во својот перфекционизам и коментари од другите возачи понекогаш превидуваат некоја своја грешка. Сепак, посовесен возач тешко дека ќе најдете.

ВАГА

Најголемата предност им е тоа што знаат да ја читаат ситуацијата во сообраќајот. Совршено ќе ја скенираат околината и ќе ги воочат проблемите уште пред да се случат. Со вагите зад воланот секогаш избегнувате хаос на патот.

ШКОРПИЈА

Вистински контрол-фрикови кои сакаат да драматизираат. Притоа ретко грешат, дури и кога ќе посакаат да остварат некаква цел. Тоа се тие кои со многу врева ќе успеат да се протуркаат до челото на колоната, а притоа никого не би довеле во опасност. На крајот, нема ништо лошо во тоа да бидете безбедни, а во исто време и решителен возач.

СТРЕЛЕЦ

Нив ги интересира сè, дури и она што не е на патот. Стрелците во возењето ретко кога гледаат пред себе, освен можеби доколку автомобилот на себе има еден куп налепници.

ЈАРЕЦ

Трпеливоста, ефикасноста и способноста да планираат однапред ги прави најдобри. Не возат пребрзо и не се склони кон невнимателни работи како претекнување. Практични се и реални, па така после забава побрзо би си отишле дома пеш отколку да седнат зад воланот.

ВОДОЛИЈА

Индивидуалци кои имаат свои правила. Тоа во сообаќајот и не е најдобра работа. А доколку проценат дека не е опасно, знаат и да прекршат по некое правило во сообраќајот.

РИБИ

Секогаш емотивите Риби во сообраќајот се снаоѓаат доста тешко. И најмалите ситници можат да ги исфрлат од такт, а тогаш ќе тргнат и солзите и плачењето. Во таква атмосфера понекогаш се пропушта некој сообраќаен знак, па и семафор, што и не е најдобро.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK