Каков татко – таков син: Розберг е новиот светски првак во Ф1

ОБЈАВЕНО НА:

Германецот Нико Розберг е новиот светски првак во Формула 1, иако на последната трка во Абу Даби го освои второто место. Тоа му беше доволно да ја освои титулата, прва во неговата кариера, со што стана 33. светски првак. По 34 години откако неговиот татко Кеке Розберг беше светски првак во семејството повторно се враќа титулата.

На трката во Абу Даби победи Луис Хамилтон, но тоа н ему беше доволно по четврти пат да биде првак. Разликата до 12 бода пред последната трка беше превисока за Розберг да си дозволи да ризикува и да не се појави на подиумот.

На крајот од сезоната Розберг собра 385 бода, а Луис Хамилтон 380. Трет го генерален пласман е Даниел Рикардо од Red Bull кој има 256 бода, пред Себастијан Фетел од Ferrari со 212 и Mакс Ферстапен со 204 бода.

Последната трка донесе и доста изедначено возење, па на целта разликата меѓу победникот Луис Хамилтон и четвртопласираниот Макс Ферстапен беше 1,6 секунди. Второпласираниот Розберг заостана 0, 439 секудни, а Фетел како трет имаше заостанување од 0,843 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK