Иако Volkswagen Golf II замина во историјата уште пред полни 25 години, втората генерација има свои бројни фанови, а најголемата насмевка на лицето им ја појавуваат темелно тјунираните изведби кои ги посрамуваат многупати поскапите автомобили.
Еден од таквите е и главниот актер на ова видео. Имено, овој Volkswagen Golf II за свој погон го користи добро познатиот турбобензинец 1.8 20V, но е набилдан на неверојатни 750 коњски сили.
Како забрзува може да се види во видеото, но секако прво треба добро да ги засилите звучниците за да го доживеете вистински звукот кој се добива.