Како во време на „коронавирус“: Кои автосалони и овластени сервиси работат – какви услуги нудат

ОБЈАВЕНО НА:

Дел до автосалоните ќе работат нормално, некои со скратено работно време, некои воопшто нема да работат. Задолжително дезинфизирање на возилата за тест-возење, користење маски.... Пред влегување во сервис, миење на возилото, па дезинфекција, па дури потоа поправање - и се за иста цена

Во време кога постојат доста ограничувања во однос на движењето, специфичната ситуација придонесува и сите да е однесуваме во согласност со она што е актуелно и е околу нас, да ги следиме препораките што постојано доаѓаат. Но, истовремено треба да се обидем да продолжиме да функционираме колку што може понормално.
Доколку имате потреба од посета на овластените сервиси за возила во следниот период најдобро е да се информирате. Според информациите до кои дојде 24ауто некои од автосалоните ќе работат со скратено време, други остануваат според старото работно времe, но ќе се следи ситуацијата. Најважно е дека дека сите веќе ги имаат преземено превентивните мерки за заштита на своите вработени, но и клиентите.

Интересно е дека ако сакате да направите тест возење, ситите се достапни кај сите импортери, само што ќе треба да носите маска додека го возите автомобилот, а потоа истиот ќе треба да биде дезинфициран.
Ако имате потреба од сервисирање, истата услуга ќе ја добиете, но најдобро е претходно да се закаже, бидејќи така нема да има чекање и создавање мешаница и групирање на повеќе луѓе во иста просторија.

Од сите импортери на возила во Македонија побаравме одговор на неколку прашања. Дел одговорија директно, дел објавија како ќе функционираат на своите официјални канали.

Најголем дел се уште немаат решено како ќе функционираат во следниот период, па ниту имаат нешто објавено на нивните официјални веб страници или социјални медиуми. Најавени се информации за следниот период. Она што е познато во моментов е следното:

Прашањата што не интересираа се:
1. Какво ќе биде работното време во вашата компанија и подружниците во време кога има посебни мерки околу коронавирусот во Македонија? Има ли некаква промена?
2. Во согласност на актуелната ситуација поради Коронавирусот, какви превентивни и заштитни мерки се преземаат во авто салоните?
3. Дали и како ќе работат сервисите и какви мерки ќе се преземат за превентива и заштита на вработените и клиентите?
4. Дали ќе се вршат тест возења со клиенти заинтересирани за купување, и како ќе се одвиваат истите?

МИ-ДА Гранд Моторс (Ford, Hyundai)
* Работното време на сервисот и салонот е од 9 до 14 часот
* -Секој посетител мора да се дезинфицира на влез, добива маска и ракавици, додека разговара со лице од МГМ тоа да биде на означеното растојание од 1+ метар како што и е означено со линија пред сите бироа.
* Сервисите работат исклучиво со закажувања, сите вработени носат заштитни маски и ракавици се охрабрува комуникација по телефон и он-лајн. Подигањето на возилата е во без контактна процедура при што клиентот ги подига документите и клучот од дедицирано место.
* Тест возења се достапни при што мора да се одвиваат со заштитна маска и ракавици, а возилата се дезинфицираат.

Стар Моторс (Mazda)
* Стар Моторс од утре (вторник) нема да работи, се до 23 март. Истото се однесува за салонот и за сервисот. По овој период ќе се реши дали ќе се работи или ќе продолжи истиот систем.
* Доколку постојат заинтересирани клиенти да извршат тест возење, истите се достапни со претходна најава на телефонски број.
* Во салонот се преземени сите превентивни и заштитни мерки во согласност со актуелната ситуација.

Аутомотив Груп (Renault, Nissan, Dacia)
* Работното време на продажните салони останува без промена
– Renault и Dacia: 8 до 18 часот
– Nissan 9 – 17 часот
Сервисниот центар на трите бренда: 8 – 17 часот. Во моментов нема промена по однос на работното време , но секако дека се следи моменталната состојба во државата и доколку има промена или било каква препорака согласно закон, ќе се почитува.
* Продажните салони на трите брендови како и официјалниот сервисен центар се комплетно дезифицирани, хигиената се одржува на високо ниво и тоа со специјални средства за дезинфекција, како и има посебен ред на прием на нашите клиенти како во делот за продажба така и во сервисниот центар. Нашите продажни советници и советници за сервис задолжително носат заштитна маска и ракавици и држат растојание од 1-2 метри при контакт со клиентите. Дадена е насока и на континуирано користење за средства на дезинфекција на рацете кои се поставени на располагање при влез и излез како и внатрешните простории
* Сервисниот центар го следи протоколот кој е донесен и треба да се почитува и дополнително на горенаведеното секое возило кое доаѓа на прием пред да се внесе во сервис и лимарија задолжително се носи на перење и дезинфекција
* Кога станува збор за одржување на хигиена во тест возилата, истите се дезинфицираат при влез и излез од автомобилот со посебни средства за дезинфекција. Ова е практика која нашиот тим ја почитува континуирано, секако во оваа ситуација апсолутно претпазливоста е на уште повисоко ниво.

* Тојота Авто Центар (Toyota, Lexus)
Одговорот на нашите прашања од страна на Tojota Авто Центар се:
* Toyota Авто Центар ја следи ситуацијата во нашата држава и ги имплементира мерките и напатствијата дадени од владата со цел справување со кризата.

 

https://www.facebook.com/citroen.macedonia/posts/2852092601549710

https://www.facebook.com/Fiat.Macedonia/posts/1413573425482129?__xts__[0]=68.ARB0LTKKd3mq36GsJGaKthi7ef61NwURr3p4Ufcb8wp01KjOaXZW56rqMDPVd6YdIzn59KTO-dO8sdY73T4LZZBiAxjTm2OK-Cve7VYUOUTj8-Ef80vvaovQhB_pjC7edUx7OrzqfM-Nk-f2CkOLAayeY6UJBpfo-m2fGlKJWE2M3oWz26K_ZxTzZelczBtCZmbHDfzUGufWPM6DJ4MdTccQW_QK8_UtszIzm4BHkyWUPsEqVo9NwLVQcZbjAWQ0-e-grvTrCzjhHap90cTWbBrZRmrOU8lcNBrGqMTgAmIrMBdn1VUOg-K6eZuKSSNNijoSdBq3wzYDP1aKXvtVqQ&__tn__=-R

https://www.facebook.com/landrover.macedonia/posts/2850401178411601?__xts__[0]=68.ARAIftuv_JGTnJuuaNAQS0htmUP6VCvv9jvMrsGU9ISCyFqP_SMRPGYQ1LqF_foTH4_ijbf7qhpy9qY36JiJWTJiyvHLDwYW6lnA784aKZKEDmsOHIO58KyXl1eocaxlHFlojOmNelEbSRlOxnsqs9orQEh-Yu8st9TxvJeFVRA7XI_rxDsC6lSCeAfyW6bnt4EInL6P6ztwIqgkB-kXs3v1qOtkDQFO_68h0ppWCdf2qXCyEgND_tt50HvMMSxpbm45NcF4ikB-x5uZ4wHUo2TNKv-BebPTKSjg0tO_FWw_Vr8aX0HP6EA85eg7YLkcSHAEgmJDtnCKhrIlZi5FOg&__tn__=-R

https://www.facebook.com/Jaguar.Macedonia/posts/1674931725994922?__xts__[0]=68.ARA5fTzMqNZ0rLyU2oZsZ2V620FAhz0fZgE1DLfkjyhRFTRzPM0YJFqvyjnhTiBndQhITLncUQ6Y7UCZOR870ChadqutVTMBdaaqm_7GRWK67g8C7CzkcT8sq8fiOCDCmOKaA7IQi4FiVU9eGd3LmDxGT_T9eEaXJsCRVvl4MjTQ7rv0W6HEol_dQlh9FjZkBbUGrnWP1KrVMTucZvkyGmKSoy33Y74e5B_XRWgzxORf6oyCBt1_xhGfSnQQWe2Nt4h1wLH_a-hUmiITau0D_i41i4WXIjtL2udYsD3c69SVz0M-uuRrdANDhsozG3-Woq2ojqw_4rvOUMN6mmXH8A&__tn__=-R

Во очекување на другите импортери и нивните превземени мерки.
#седидома #јависенателефон #нарачајонлајн #проверинаинтернет

 

 

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK