Како Tеslа извлекува заглавен Pаtrоl во пустина (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Клубот на сопствениците на Tеslа во Силициумската долина објави видео кое мирно може да биде искористено како реклама за Mоdеl 3. Во видеото електричен хечбек го извлекува Nissаn Pаtrоl, кој е заглавен во песок.

Ако се суди според написите, дејството се одвива во пустина покрај Дубаи. Возачот на јапонскиот теренец премногу делувал самоуверено во својата геометриска проодност, како резултат на што се најде „на вагата“ на врвот на дината.

Во близина се гледа и Tоyоtа Lаnd Сruisеr, но за улогата на влекач од непознати причини е избрана Tеslа Mоdеl 3. Електромобилот го извлекува тритонскиот Pаtrоl, и покрај тоа што според документите може да влече најмногу до 2.000 фунти (907 килограми), а потоа го влече уште стотина метри.

Главната заслуга за импресивното исполнување веројатно има системот за векторизација на вртежниот момент, кој дозволува дистрибуција на потисната сила на секое тркало поединечно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK