Како студот влијае на акумулаторот во возилото?

ОБЈАВЕНО НА:

Животниот век на акумулаторот отсекогаш бил од 3 до 5 години. Сепак, познато е дека ниските температури можат да му нанесат штета и да го скратат овој период. Оттаму проблемите со акумулаторот се најчестата причина за неможноста да го стартувате автомобилот во текот на студените месеци. А тука се и екстремните потрошувачи кои дополнително ја црпат струјата од него.

На температура од 0 степени според Целсиус, акумулаторот гуми околу 35 проценти од својата сила, додека на температура од -18 степени (0 според Фаренхајт) губи 60 проценти. Во текот на студените месеци за палење на моторот е потребно двојно повеќе струја отколку во нормални услови.

Знаци за предупредување дека вашиот акумулатор е при крај се:

-Се слуша познат испрекинат звук на „верглање“ при палењето на моторот.

-Моторот се пали многу бавно кога ќе го свртите клучот.

-Фаровите се затемнуваат додека моторот вергла, а нормално светат кога моторот ќе се запали.

-Акумулаторот е постар од три години.

Со оглед на животниот век на акумулаторот влијаат климатските услови, должината на возењето, како и должината на користење на екстремните уреди кои од него се напојуваат со струја, се препорачува повремен преглед, проверка и чистење, како и обраќање на внимание на должината на користење на екстремните уреди во автомобилот кога тој не е во движење.

Кога автомобилот не се вози, акумулаторот продолжува да го напојува часовникот, алармниот систем, како и ругите електронски системи на современите автомобили, додека телефоните и таблетите дополнително го „исцрпуваат“.

Затоа, исклучете ги од приклучокот во автомобилот таблетите, полначите, телефоните, аудио додатоците, навигација и други уреди на кои им треба полнење, особено кога автомобилот е паркиран.

Ладното време е „убиец“ на акумулаторите, затоа тестирањето од страна на квалификуван механичар ќе помогне за да дознаете колку уште вашиот акумулатор е во состојба да издржи. Важно е контактните клеми и кабли да се добро прицврстени и на нив да нема корозија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK