Како „скокаше“ цената на горивата последниве две години во Македонија (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Секој втор понеделник очекуваме што ќе објави Регулаторната комисија за енергетика и дали ќе се зголеми или пак намали цената на горивата. Во моментов цените на горивата се меѓу најскапите воопшто што досега сме ги плаќале. Како дополнителна давачка државата реши да воведе дополнителни 3 денари за секој купен литар.

Во последниве две години цените во најголем дел на горивата беа меѓу 60 и 67 денари за бензинот, и меѓу 50 и 55 денари за дизелот. Сепак последниве месеци цената драстично скокна достигнувајќи ги високите граници.

Знате ли колку плаќавте литар гориво пред една или две години, а колку сега? За ист износ сега полните помалку гориво. Сигурни ги посакувате времињата кога сѐ беше поприфатливо.

Последиве 24 месеци различна беше цената на горивата. Така на пример ULTRA 95+ најниска цена имаше на 9 август 2016 година кога чинел 59,5 денари, а највисоката на 29 мај 2018 година кога чинел 73,5 денари за литар.

Движење на цената на бензинот во Македонија во последни две години

Дизел горивото најниска цена имаше во август 2016 година кога на 9 август се продаваше по 46 денари за литар. Следната година во јуни, на 28 јуни 2017 повторно се радувавме на ниската цена од 46,5 денари. И од тогаш цената постојано расте со повремени тенденции на млаго опаѓање. Највисоката цена ја достигна на 29 мај кога за еден литар се плаќаше 65 денари.

Движење на цената на дизелот во Македонија во последни две години

За течен плин LPG во последниве две години најмалку се плаќало во август 2016 година, по 24,5 денари за литар, а највисоката на 15 февруари 2017 година – 34 денари. Сега плинот се продава по 32,5 денари за литар.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK