Едно од основните прашања кај сопствениците на електромобилите е колку се намалува капацитетот на акумулаторите со зголемувањето на поминатите километри на возилото. Околу ова прашање се обединиле неколку научни институти и автопроизводители, а сопствениците на електромобилите установиле дека акумулаторите на автомобилите Tesla се трошат побавно од оние на стариот Nissan Leaf.
Уште пред четири години сопствениците на автомобилите Tesla на меѓународниот форум Tesla Motors Club почнаа да собираат мислења за потрошеноста на акумулаторите на автомобилите Tesla и Nissan Leaf. Била создадена општодостапната база во Google Doc, а во неа секој сопственик ја изнесува информацијата за автомобилиот и за состојбата на акумулаторот.
Според внесените податоци во базата од страна на 350 сопственици на автомобили Tesla и Nissan Leaf од целиот свет, средната бројка за потрошеноста на акумулаторите на Tesla е околу 10 проценти после поминати 250.000 километри. Кај стариот Nissan Leaf истата километража го намалува капацитетот на акумулаторот за околу 20 проценти.
Податоците од форумот за првите 100.000 километри велат дека акумулаторите на Tesla го намалуваат капацитетот за 5 проценти. При следните 100.000 километри процесот се забавува и при поминати 250.000 километри капацитетот на акумулаторите Tesla опаѓа за 9,2 проценти.
Тука треба да се има предвид и фактот дека од Tesla не им даваат гаранција на сопствениците на автомобилите за определен процент на потрошеност на акумулаторите на омделите Model S и Model X. Во гаранцијата стои: „Акумулаторот, како и сите литиум-јонски батерии со времето и во зависност од интензивноста на користењето постепено ќе го губат својот капацитет. Тоа е процес, кој не е покриен од гаранцијата“.