Како се менуваше дизајнот на болид на Ferrari за 67-те години во Ф1 (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Поради промена на правилата, но и барање начин да се биде побрз, да се има подобрена аеродинамика секој тим во Формула 1 бара начин со изгледот на болидот да добие некоја секунда повеќе во брзина кога е на патека. Еден од тимовите што од самиот почеток е дел од „големио тциркус“ е Ferrari.

Ако се прашувате како би изгледал болид на Ferrari новата генерација со дизајн од 50-тите и 60-тите години на минатиот век, колегите од Drivetribe и поранешниот водител на Top Gear, Ричард Хамонд одговорат на прашањето го имаат со видео порака.

https://www.facebook.com/drivetribe/videos/489061758140634/

 

За милиони Ferrari е синоним на Формула 1. Италијанскиот тим се приклучи на најбрз шампионат во 1950 со Гран При трката во Монте Карло. Заедно со пилотите Џон Сартис, Ники Лауда, Михаел Шумахер и Кими Раиконен тимот стигна до 16 светски титули кај конструкторите, а партнерството со Marlboro стана едно од најпознатите во шампионатот.

Иако логото на компанијата веќе не стои на болидите поради забраната за рекламирање од 2007, брендот продолжува да дава милиони во тимот секоја година. И црвената боја секогаш потсетува на Ferrari и Marlboro.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK