Како се краде автомобил за 10 секунди – и како да се заштитиш! (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Новата технологија која е составен дел од новите автомобилите овозможува бројни придобивки како за возачите така и за крадците. Статистиката во Велика Британија покажува дека во последните пет години бројот на кражби е зголемен за 50%, а минатата година биле рекордна според бројот на украдени возила.

Така во 2018 година во Англија и Велс се украдени 106 илјади автомобили што во просек е 12 автомобили во еден час. Сето тоа ги чини осигурителните компании по 1 милион фунти дневно.

Денес, за разлика од минатото иако автомобилите имаат богата напредна технологија, наместо тоа да биде пречка, тоа всушност е олеснување за крадците, па така еден автомобил може да се украде за само неколку секунди.

Во видеото насловено како “Како да украдеш завтомобил за 10 секунди?”, екипата на What Car? објаснува како е тоа можно и како да се заштитиме.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK