Како се крадат автомобилите со лаптоп

ОБЈАВЕНО НА:

Крадењето на автомобили е дејност која е позната со децении, но постојано се појавуваат нови начини како да се дојде лесно до возило кое е сопственост на некој друг. Еден од тие начини е возачот да биде намамен да го напушти автомобилот, но притоа да го остави моторот запален. Стручњаците советуваат да не се излегува од автомобилот без притоа да биде исклучен автомобилот. Воедно советуваат и да не се оставаат клучевите во автомобилот.

За да го украдат автомобилот, крадците члесто користат и техника за репатрација. Во овие ситуации ќе помогнат и специјални GPS ceнзoри, кои ќе се вклучат веднаш штом автомобилот почне да се движи, без притоа да биде отклучена или запалена.

Најпопуларните методи за крадење на автомобили е со хакирање на електронските системи. Затоа ако забележите човек со лаптоп до автомобилот бидете многу внимателни. Тоа е знак дека нешто се подготвува.

Можеби со помош на тој компјутер крадецот го чита вашиот код за аларм. Стручњаците велат дека најефективната заштите при кражбите е добар аларм или таканаречен модуларен прекинувач. Покрај тоа можете да инсталираете и чип во моторот, кој не дозволува стартување на моторот без во него да е сопственикот со клуч.

И крадците се во тренд со технологијата, но најважно од се е вие да внимавате каде паркирате, дали го заклучувате возилото и најдобро од се имајте си каско осигурување. Но, уште подобро кога купувате автомобил вложете малку повеќе во осигурување и аларми.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK