Кога ќе фатат студовите, јака зима, силен ветер – е тогаш нема спас од заледување, па се мрзне и возилата особено кои се покрај водени површини (езера, мориња…) добиват дебела мраз на себе. И, прашање е како да се исчисти тоа?
Видео од Приморски крај на Далечниот исток во Русија демонстрира визуелно ефикасен начин за отстранување на мразот од каросеријата на Toyota Land Cruiser. Сопственикот на јапонскиот SUV не користи вообичаена стругалка за оваа намена, туку … чекан.
Предниот поклопец, фаровите и шофершајбната се оковани од мраз со дебелина од најмалку неколку сантиметри. Возачот го разбива со удари не само на ледените кори на металните површини, туку и на фаровите. Како да се исчисти шофершајбната останува надвор од рамката. А тоа баш сакавме да го видиме.
https://youtu.be/ZqHOT2_DQ_4
Бура од невреме, во комбинација со леден дожд, замрзна стотици автомобили во административниот центар на регионот на Владивосток, пренесуваат руските медиуми. Настрадала и инфраструктурата на многу градови во регионот.
Локалните власти ја нарекуваат „колосална“ штетата предизвикана од циклонот. Во Приморски крај е прогласена вонредна состојба. Многу жители останале без струја, вода и комуникации.