Како самите да открите што е проблемот со автомобилот

ОБЈАВЕНО НА:

Дефектите на автомобилите се честа појава и обично тоа се некои ситни дефекти, кои доколку не се санираат во брзо време можат да имаат и катастрофални последици. Затоа превенцијата е најдобро решение. Редовната проверка и сервис на автомобилот, како и на сите поединечни делови се најдобрата работа за заштита од несакани проблеми.

Секој сам е одговорен за своето возило, па така на прво место треба да биде безбедноста и сигурноста. Затоа не смеете никако да ги пропуштате редовните технички прегледи на вашиот автомобил, но не смеете ниту да ги занемарувате кои било неправилности во работата на вашиот автомобил.

Доколку забележите нешто невообичаено би било добро на тој проблем да му дадете на значење и да го поправите пред да биде предоцна.

ПРОБЛЕМИ СО СОПИРАЧКИТЕ– АЛАРМ

Секогаш би требало да бидете внимателни. Кога и да имате проблем со кој било дел од автомобилот тоа треба да го сфатите како најсериозна можна ситуација.

Кога се во прашање сопирачките тогаш треба да сте свесни дека тоа никако не смеете да го занемарите. Она што најчесто можете да го почувствувате како почетен проблем, кој секако треба да го сфатите најсериозно можно, не треба да го игнорирате. Пред сè тоа е случајот кога при кочење вашиот автомобил занесува во една страна.

Кога при сопирање губите контрола над вашето возило, не во потполност, но секако забележително, тогаш тоа може да значи проблем со гумите, со цилиндрите на кочниците, како и со течноста во сопирачките. Следниот проблем кој може да се случи кога се во прашање сопирачките е и тоа проблемот да биде во папучата за кочење. Воздухот кој се нашол таму каде што не му е место прави папучата да биде премногу мека. Проблемот може да биде и во недостатокот на течност во системот за кочење.

ПРОБЛЕМИ СО МОТОРОТ – ПОТРЕБНА Е ДЕТАЛНА ПРОВЕРКА

Еден од проблемите кој може да се јави кога другите делови на автомобилот се во прашање, а посебно моторот исто така е и неговото загревање. Доколку го забележите тоа, тогаш најчесто се работи за вентилаторот. Тука проблемот може да биде или ременот на вентилаторот, како и електромоторот на вентилаторот. Потоа може да дојде до губење на течноста, која служи како не би дошло до споменатото прегревање. Следниот проблем кој може да се појави кај моторот е неговото гасење.

Ова се јавува поради следните проблеми:

– Проблем со вишокот на воздух;

– Влага во електричната инсталација;

– Проблем со свеќиците;

– Проблем со дизната.

Доколку забележите дека моторот неправилно троши гориво односно трошо повеќе отколку што е потребно тогаш е можно горивото да истекува, но и да има проблем со свеќиците или со карбураторот.

Ова се само некои дефекти кои може да се појават и само некои од причините. Од таа причина односно поради постоењето на голем број на дефекти, моторот треба детално да се прегледа и да се поправи секој можен дефект.

ПРОБЛЕМ СО АКУМУЛАТОРОТ

Кога контролните светилки кои го прикажуваат притисокот на маслото ќе засветат тогаш треба да знаете дека имате проблем со акумулаторот. Оа најчесто се случува кога се обидувате да го вклучите автомобилот односно кога давате контакт. Штом почнат да светат сијаличките на контролната табла, можно е вашиот акумулатор и да не е доволно наполнет.

Ова е само една од причините за палење на овие сијалички. Од тие причини не би требало да го занемарувате ова туку би требало да отидете кај автомеханичарот или доколку сте вешти самите да го прегледате акумулаторот.

Редовната проверка на сите авто делови и замена на оние кои се дотраени е единствената сигурност дека нема да ја загрозите првенствено својата, а потоа и безбедноста на другите.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK