Kако правилно се користи клима уредот во автомобил?

ОБЈАВЕНО НА:

Без нејзе веќе е незамисливо да се купи автомобил. Без разлика дали е мануелна, автоматска, дигитална.... Сега веќе нема возило што ја нема во својата опрема. И во лете и во зима таа помага за поудобно чувство на патниците во кабината. Зиме грее - лете лади... 

Клима уредите станаа неизоставен дел од сериската опрема на голем број на нови автомобили, но до неодамна ја сметаа за луксус и се нудеше само со доплата и тоа на големи и луксузни автомобили. Клима уредот влезе во мода на почетокот на 90-тите години, а денес повеќе од 90 проценти од новите автомобили имаа сериски вграден состав за разладување.

Таа бара редовно одржување во автомобилите во текот на целата година. Во случај на неодржување на клима уредот може да дојде до значителни трошоци кои можат незгодно да го изненадат сопственикот на возилото. Грешките се појавуваат во самиот старт доколку клима уредот се вклучи само кога е навистина топло или ако се пали само неколку пати годишно. Кај долго некористење на климите може да дојде до оштетување на компресорот на климите кој е скап за поправање.

Кога ќе почувствувате дека воздухот во кабината не е довлно ладен или потопол од вообичаеното значи дека е време за проверка. Секако во зависност од местото на живеење потребно е и почеста проверка на филтерот за воздух во кабината. Во места каде има поголема загаденост на воздухот, каде е градежно подрачје секако дека филтерот почесто ќе биде предмет на запушување, а со тоа и силата на воздихот што влегува во кабината помал.

Течноста за ладење на климата во исто време и го подмачкува компресорот, а кога климата е исклучена компресорот не се подмачкува доволно. Дека клима уредот односно нејзиниот компресор работи послабо се гледа по чувствителниот пад на капацитетот на клима уредот за разладување, а кај екстремниот случај и дефект доаѓа до престанување на ладењето. Клима уредите во автомобилите секогаш пропуштаат малку разладувачки плин, па тестирање и сервис на климата треба да се направи најмалку еднаш во две години.

Клима уредот може да биде лош по здравјето, но само доколку се користи неправилно. Најчеста непријатност е кога клима уредот се користи во текот на летните денови со високи температури. Тогаш често може да дојде до температуен шок, кој е случува кога од автомобилот во чија внатрешност температурата е значително пониска од надворешната, ќе излезе на жешкото Сонце. Чувствителните личности тоа тешко го поднесуваат, а решението за оваа појава е многу едноставно.

Потребни се неколку минути пред излегување од возилото да се исклучи климата. Со тоа можат да се избегнат нагли промени во температурата, а на испарувачот на кој се кондензира влагата му се дава доволно време за да се исуши.

Влажниот испарувач е тој дел кој е погоден за развој на бактерии и габи кои можат да развиваат незгодни мириси и кои претставуваат извор на инфекција на дишните патишта, па еднаш годишно е потребно да се направи чистење на испарувачот и каналот на вентилацијата.

Ваквиот зафат не е скап, а се препорачува и измена на филтерот. Клима уредот на долги патувања значително го смалува заморот на возачот, па со тоа допринесуа за поголема сигурност во сообраќајот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK