среда, 26 март, 2026 година

Како правилно се чуваат гуми доколку автомобилот стои премногу долго?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Произведувачот на гуми, Falken издаде препораки за сите возачи чии автомобили долго стојат во место. Ова е особено значајно сега во моменти кога има пандемија на коронавирусот.

Една од последниците на оваа пандемија односно на државните мерки кои за многу граѓани значат и останување во куќите и становите.

- Advertisement -

1.Сега е вистинско време за преглед на гумите. Проверете го нееднаквото трошење на газечкиот слој, како и тоа дали има некакви расекотини, како и испакнатини на страничниот дел. На површината на газечкиот слој проверете дали има шајчиња или штрафови втиснати во гумате и дали постојат камчиња во шарите. Внимателно отстранете ги.

2. Дали се присутни сите капаци на вентилот? Капаците оневозможуваат навлегување на прашина и влага во вентилите.

3. Проверете го притисокот во гумите и зголемете го за околу 1 бар во однос на стандардниот препорачан притисок. Тоа ќе ги спречи оштетувањата и деформациите на гумите. Кога ќе почнете да го возите автомобилот притисокот во гумите вратете го на фабричките препораки.

4. Ако планирате да го паркирате автомобилот на долг период, размислете за кревање на автомобилот со дигалка за гумите да не бидат во допир со тлото.

5. Ако можете, оставете го автомобилот во гаражата. Мрачни и ладни услови би ги заштитиле гумите. Ако вашиот автомобил е надвор, прекривки за гумите, изработени од алуминиумско рефлектирачки материјал исто така се опција за заштита од сончева светлина и долги временски неприлики.

6. Ако имате резервен сет на гуми, погрижете се да биде на ладно, суво и темно место далеку од масло и од растворувачи кои би можеле да ги оштетат гумите.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја