Легендарната „буба“ децении е икона во автомобилскиот свет. Постојат најразлични верзии и надоградби на овој модел и сите се интересни. Но, што ако сакате оваа „буба“ д абиде и вашиот дом. Едноставно, да не се делите од автомобилот.
За исполнување на оваа желба с епогрижија некои дизјанери уште во 70-те години од минатиот век кога од ова легендарно мало возило направија е мал и топол дом. Таа стана подвишна куќарка со сите погодности. Сега можете со нејзе да патувате каде сакате и повторно да бидете дома.
Едно од најинтересните идејни решенија во рамки на овие експерименти беше таканареченото „Bug Campers“. My Star Collection пронајден еден од овие примероци на саем за автомобили во 2016 година, кој сè уште ги имаше оригиналните материјали од кои беше изработена надградбата.
На предното седиште од возилото имаше и примерок од Mechanix Illustrаted списанието на чија насловна страна беше редизајнираната RV Beetle. Во надградбата имало простор за кујна, но не и за кревет. Но, евидентно е дека ако уште повнимателно се редизајнирал ентериерот, кујнската маса лесно може да се претвори во кревет со едноставно спуштање.
Овој примерок во 1975 година бил продаден за 6.000 долари, но не директно преку Volkswagen, туку преку трети компании.