Како настанаа имињата на најпопуларните модели на автомобили?

ОБЈАВЕНО НА:

Давањето име на автомобилите стана наука. Произведувачите на возила на тој сегмент му даваат доста внимание бидејќи сакаат со еден збор на што посилен начин да го претстават автомобилот. Потребно е да биде силно, оригинално, да одговара на автомобилот, да предизвика некој ефект кај потенцијалните купувачи…

Најпопуларните модели на Volkswagen Golf и Passat, како и Scirocco, имињата ги добиле по ветровите, но неговите нови модели отстапуваат од таа традиција. Amarok е име на народот познат како Inuiti, а во превод значи волк.

Touareg своето име го добил по номадското племе од Сахара, а Tiguan е комбинација од зборовите тигар и легуан ( на германски тигар и игуана), кои ги одбрале читателите на Auto Bild магазинот.

SEAT по традиција своите автомобили ги нарекува по шпанските географски термини. Ibiza е познатиот остров кој претставува синоним за забава, што е идеално име за градски модел.  Toledo, Arona, Altea…сите се географски поими. Исклучок е Exeo, кој значи „премин преку граници“.

Бегство од старото

Opel одамна направи паметен потег со дистанцирањето од називите на своите стари модели и така најави некој нов Opel. Така се исфрлени моделите Kadett, Vectra, а дојде нова генерација на автомобили со поинакви називи. Astra е ѕведа, а називот на главниот модел на произведувачот од Рисејсхајмдоаѓа од латинскиот збор симбол, додека Mokka најде инспирација во врста на кафе.

Сличен потег направи и Rеnault, кој некогаш одамна им даваше бројчани ознаки на моделите. Clio е муза и заштитничка на историјата, додека Megane значи големо. Fluence е влијание, а Capture да се фати, додека Kadjar е игра на зборовите kad и jar, која инспирацијата ја пронаоѓа во светот на мотоциклите на четири тркала quad, додека jar потстува на францускиот збор jaillir, кој значи да се искочи, да се изнурка..

Новиот СУВ на Skoda, Kodiaq доби назив по врстата на мечки од Алјаска, додека Karoq, која доаѓа наскоро, спојот на зборовите kaa’raq, што на племенскиот јазик aleura значи автомобил, и ruq, што означува стрелка, која е затапена во логото на Skoda.

Toyota називите за своите модели главно ги пронаоѓа во различни јазици. Auris доаѓа од латинскиот збор aurum, кој значи злато, додека Corolla е “круна на цвеќето”. RAV е кратенка за Recreation Astivity Vehicle, додека Landcruiser на англиски јазик значи крстосувач по терени. Името Avensis доаѓа од францускиот збор advancer, што значи напредување, со што се илустрира чекор напред во однос на Carinа, модел кој го замени.

Yaris го доби името со спојување на зборови од грчката митологија и германскиот јазик. Така Charis е симбол за убавина и елеганција, со тоа што буквите ch се занебету си ya, што на германски значи да, за да се означи реакцијата на европскиот пазар на стилскиот впечаток на автомобилот. Celica на шпански јазик значи небесно, додека имињата Supra и Prius доаѓаат од латинскиот јазик. Supra значи над, а prius прв, супериорен… Логично за првиот автомобил со хибриден погон во историјата.

Бројки и букви

Hyundai за СУВ моделите бира посебни имиња, а другите се подредени по бројки со буквата “i” – i i10, i20, i30 и i40. За повисоките автомобили едноставно со буквата i се додава и Х.

Tucson е име на град, а Santa Fe има неколку различни значења. Најпопуларниот модел на Nissan, Qashqai името го доби според номадското племе, Note.

За електричниот модел Leaf избрано е симболично име. Еколошкиот автомобил без емисија на штетни гасови е наречен по англискиот збор – лист. Теренецот Pathfinder исто така е наречен симболично, а преводот од англиски е пронаоѓач на патишта.

Многу произведувачи, место да им даваат називи на своите возила едноставно користат комбинација од букви и бројки. Тоа се BMW, Citroen, Mercedes, Audi, Peugeot, Mazda, Volvo…

Peugeot го присвои бројот со „нула“ во средина

Ниту еден произведувач на автомобили не може својот модел да го „нарече“ со троцифрен број со нула во средина бидејќи Peugeot одамна ги доби правата на тоа. Францускиот производител одамна ја заштити ознаката x0y, па кој и да се обиде да ги користи тие бројки беше соочен со закана од тужба.

Уште во 70-тите години Peugeot ја тужеше Zastava поради бројките 101, додека Porsche мораше да се откаже од бројкта 901 која имаше намера да му ја даде на својот спортски модел.

Zoe – како ќерката

Популарниот електричен модел на Renault се вика Zoe, но францускиот производител после неговото лансирање наиде на неочекуван проблем. Се јави семејството чија ќерка се вика Zoe, а која не сакаше таа да има исто име како моделот на автомобил, но на крајот Renault, сепак, го задржа тој назив.

Како од „Династија“

Интересна е приказната за Lexus. Луксузниот бренд на Toyota на почеток треаше да се вика Alexis, но Американските се смееја дека брендот ќе добие име како и ликот на Алексис Карингтон од тогаш ултрапопуларната серија „Династија“. Секако, Јапонците го сменија планот и ја исфрлија буквата „А“ од името.

Голем дел на производители настојува зборот со кој го нарекуваат автомобилот на ниту еден јазик да нема негативно значење, но во минатото имаше пропусти по тоа прашање, ако тоа може да се нарече пропуст. Така FORD својот СУВ го нарече Kuga (кугуар), своеворемено постоеше Toyota Carina, додека Alfa на својот модел му го даде името MiTo, според почетните букви на градовите Милано и Торино во кои и беше создаден. Сепак, на наш јазик тоа не звучи многу сјајно.

Volkswagen Bora (врста на ветар) во САД можеше да се нарече досада, додека Honda својот модел Jazz првобитно го нарече Fitta, додека не сфатија дека тој збор во жаргон на скандинавските земји значи женски полов орган.

Fiat Uno на фински значи глупак.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK